Обдукцијата на српските патолози открива на кој начин било ликвидирано семејството Ѓокиќ

Телата на троцата членови на семејството Ѓокиќ, кое минатата недела исчезна без трага во близина на Алексинац, беа пронајдени во атарот на селото Моравац / Принтксрин - Телеграф.рс
Обдукцијата на телата на семејството Ѓокиќ е завршена и резултатите покажуваат дека тие биле убиени со огнено оружје, пренесува Телеграф.рс.

Полицијата претходно пронајде чаура од куршум во близина на автомобилот со кој се превезле тројцата членови на семејството на местото каде биле ликвидирани. Според првите неофицијални информации, постои сомневање дека тричленото семејство Ѓокиќ било убиено во автомобилот, а не е исклучена можноста оружјето да имало придушувач, бидејќи нема докази дека се слушнале истрели.

Принтскрин – Еспресо.рс

Неколку потенцијални осомничени за убиството на семејството Ѓокиќ, се уапсени, но според првичните информации тие поминале на полиграф, наведуваат српските медиуми.

Сите полициски ресурси се вклучени во расветлување на убиството, и се очекува убијците наскоро да бидат откриени и уапсени.

Принтксрин – Телеграф.рс

Вчера, мртвите тела на тричленото семејство Ѓокиќ, Горан (57) неговата сорпуга Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) беа пронајдени на непристапен терен во атарот на селото Моравац, на околу 12 километри од местото каде што беше пронајден нивниот запален автомобил.

Принтксрин – Нова.рс

Мистериозното исчезнување на семејството Ѓокиќ беше пријавено на 28 септември, а нивните тела беа пронајдени шест дена подоцна. Во недела, на 26 септември, мажот Горан, сопругата Гордана и ќерката Лидија заминуваат од Алексинац до блиското населено место Моравац на семеен ручек. По еден ден во селото, тие се вратиле во градот Алексинац околу полноќ.

Принтксрин – Блиц.рс
Последен пат безбедносните камери го снимиле автомобилот на семејството во 00.10 часот на патот помеѓу Моравац до Алексинац, пат долг три километри. Оттогаш им се загуби трагата се до пронаоѓањето на нивните безживотни тела.

Морничав крај на потрагата во Србија – пронајдени изгорените тела на тричленото семејство Ѓокиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот