Морничав крај на потрагата во Србија – пронајдени изгорените тела на тричленото семејство Ѓокиќ

Членовите на семејството Ѓукиќ: Горан, Лидија и Гордана / фото: Курир.рс

Телата на троцата членови на семејството Ѓокиќ, кое минатата недела исчезна без трага во близина на Алексинац, се пронајдени во атарот на селото Моравац, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата. Од утрово, кога беше пронајден нивниот запален автомобил, роднините на семејството, но и цела Србија, чекаа информација од властите да дознаат што се случило со тројцата членови на семејството: брачниот пар Горан (57) и Гордана (56) и ќерката Лидија (25).

Неколку часа подоцна, полицијата соопшти дека пронашла и тела, а дури потоа стигна потврдата дека тоа е семејството Ѓокиќ, по кое со денови се трага.

Местото на кое беше пронајден запалениот автомобил на семејството Ѓукиќ / фото: БНТВ/принтскрин

Според „Блиц“, трите тела се пронајдени на непристапна локација во атарот на селото Тешица,изгорени и прекриени со лисја и гранки. Полициски извори откриваат дека телата биле целосно јагленизирани и дека родителите и ќерката биле идентификувани според накитот.

Според извори на „Нова.рс“, полицијата има сознанија и за можниот извршител на морничавото трикратно убиство, како и дека тој веројатно а ја напуштил Србија.

Тешица се наоѓа во близина на селото Моравац, каде тричленото семејство било на гости минатата недела. Тие нешто по полноќ тргнале кон Алексинац, каде живееле. но не стигнале дома и оттогаш им се изгуби трагата.

Нивниот автомобил беше последен пат снимен на надзорна камера во соседната Тешица, но дури по два часот ноќта. Целосна мистерија е што се случувало во 120-те минути откога тргнале кон домот во Алексинац.

На местото на ужасното злосторство се упати и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот