Обамејанг оди во Челси, Барса ќе добие 14 милиони евра и плус бекот Маркос Алонсо

Пјер-Емерк Обамејанг не е во плановите на Барселона/Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Пјер-Емерик Обамејанг, фудбалерот на Барселона е многу блиску до враќање во Лондон, поточно кариерата според најавите ќе ја продолжи во Челси, градскиот ривал на Арсенал чиј дрес го носеше четири години.

Обамејанг му се приклучи на тимот од Каталонија на последниот ден од зимскиот преоден рок во 2022 година, а само седум месеци подоцна прашање на време е кога ќе се врати во главниот град на Англија за да ги помине лекарските прегледи и официјално го потпише договорот со лондонските „сини“.

Барса за интернационалецот од Габон треба да добие 14 милиони евра плус одбранбениот играч Маркос Алонсо, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Обамејанг за Барселона одигра 23 натпревари со 13 гола и една асистенција.

Во кариерата настапуваше и за Борусија Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, додека кариерата ја започна во јуниорските категории на италијанскиот Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот