„Њујорк Тајмс“ за тврдењето на Лечиќ дека вежбале дијалог со Даниела Штајнфелд на аудио-сниката: Тоа не е вистината!
Снимката од разговорот помеѓу Даниела Штајнфелд и актерот Бранислав Лечиќ која актерката ја достави до обвинителството покрај другите докази, ја анализираше и „Њујорк Тајмс“, пренесува „Инсајдер“.
Препорачано
Американскиот весник ја анализираше комплетната аудио – снимка која траела околу 77 минути со цел да го провери тврдењето на Бранислав Лешиќ дека тие всушност „вежбале дијалог“. По анализата на снимката, „Њујорк Тајм“ заклучува дека нема индиции дека разговорот е проба за каков било дијалог поврзан со некој проект.
„Њјурок Тајмс“ во обемен текст ја опишува целата хронологија на настаните во случајот со актерката Даниела Штајнфелд и нејзиното признание за тоа што се случило во мај 2012 година, кога, како што тврди, била силувана од нејзиниот колега Бранислав Лечиќ.
Американскиот весник пишува за тоа зошто решила да се пресели во Америка после настанот, зошто не го пријавила случајот во надлежните институции, зошто по девет години се решила да прозбори за тоа во нејзиниот авторски филм „Излечи ме“ и зошто до неодамна не сакала да го открие името на предаторот.
За потсетување, Даниела во понеделникот јавно го обвини Бранислав Лечиќ за силување и за прв пат раскажа што ѝ се случило пред камера.
„Њујорк тајмс“ ја пренесува и изјавата на Бранислав Лечиќ, кој ги негираше обвинувањата на Штајнфелд:
„Никогаш не сум имал сексуални односи со неа. Сè е лага“, американскиот весник ја пренесе изјавата што Лечиќ им ја доставил преку „Вацап“.
Весникот го пренесе и тврдењето на Лечиќ дека аудио-снимката од разговорот за време на состанок со Даниела во 2016 наводно не била целосна. Лечиќ наведува дека тие се состанале за да разговараат за потенцијална соработка и дека подолгата верзија од нивниот разговор го открива поширокиот контекст – дека тие всушност само го импровизирале дијалогот и дека таа веројатно излезе со овие тврдења со цел да си направи реклама за нејзиниот филм.
„Можеби очекуваше нешто повеќе, можеби затоа што ништо не се случи, сака да се одмазди, а можеби и сака да си ја изгради својата приказна преку мене“, изјави Лешиќ додавајќи дека „и лошиот маркетинг е маркетинг“.
Сепак, весникот наведува дека Даниела Штајнфелд доставила целосна аудио-снимка од 77 минути разговор, што инаку траел околу 90 минути, но таа го снимала разговорот сè додека имала батерија на нејзиниот телефон.
По анализата на целата снимка, „Њујорк тајмс“ заклучува дека делови од нивниот разговор се неразбирливи и загушени од вревата околу нив. Сепак, нема индикации дека тие вежбале дијалог. Иако гласовите се пригушени и разговорот честопати се чини пријателски, гласот на Штајнфелд станува поостар кога таа опишува колку била повредена од тоа што ѝ го направил. Лечиќ одговара на начин што укажува на тоа дека верува дека се согласила на она што се случило.
Уште една жртва на Бранислав Лечиќ: Се огласи и српската новинарка Христина Стоиљковиќ!
Американскиот весник се повикува и на извештаите во медиумите, пред сè на таблоидите во Србија, кои дури и ја обвинија Даниела дека лаже дека е силувана за да го промовира овој авторски филм. Весникот наведува дека, иако Србија во последните години презеде чекори за подобрување на правата на жените, сексуалното вознемирување и нападите сè уште не се пријавуваат, а кај жртвите доминира чувството на срам.
Даниела Штајнфед повторно се сретнала со Лечиќ во 2016 година, бидејќи тоа било дел од процесот на закрепнување од траумата. За време на состанокот таа успеала да направи аудио-снимка од нивниот разговор и го доставила до обвинителството.
Даниела Штајнфелд ги демантираше неговите тврдења дека станува збор за лага и истакна дека би сакала некој да ѝ покаже каква било претстава или филм во кој има такви реплики.
View this post on Instagram
„Би сакала некој да ми покаже извадок од која било претстава или сценарио каде што го пишува тоа. Ако некој некогаш го напишал тоа е целосен генијалец затоа што би ја опишал психологијата на силувачот толку точно и автентично“, рече Даниела Штајнфелд.
Штајфелд исто така рече дека е вистина тврдењето на Лечиќ дека немале сексуални односни.
„Од една страна, тоа е одвратна лага и кривично дело што негира, од друга страна, зависи од тоа како ги дефинирате сексуалните односи. Од една страна, тој е во право, никогаш немал сексуални односи со мене. Ме силуваше мене и моето тело. Има многу голема разлика помеѓу сексуалните односи и насилството“, рече Даниела во нејзината исповед за „Инсајдер“.
Лечиќ вчера изјави дека добил покана од Вишото јавно обвинителство во Белград за да сведочи во врска со обвинувањата на Даниела Штајнфелд, истакнувајќи дека тој бил повикан како „граѓанин, а не како обвинет“.


