ВИДЕО I Штајнфелд за „Инсајдер“: Ме силуваше, а четири дена потоа игравме во претстава. Посакав и да се самоубијам

Фото: youtube/printscreen

Актерката Даниела Штајнфелд во белградското Вишо Обвинителство наведе дека нејзиниот колега, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија, Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од фимлската индустрија кој ја силувал.

– Мене ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ во мај во 2012 година. Четири дена подоцна игравме во претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да повикам полиција, но и размислував што ќе се случи. Мора да ја разберете таа состојба, вели Штајнфелд на почетокот на својата исповед.

– Постојано викав „не“ додека можев, додава она.

– Кога се појави случајот на жртвите на Мирослав Алексиќ во јавност, Бранислав Лечиќ смисли да биде голем активист против сексуалните злосторства. Во моментот кога ги повика поранешните ученици во школата на Мика Алексиќ да минат во неговата актерска школа, тоа ја прели чашата. Разбрав дека тоа повеќе не е прашање што ќе се случи со мене во моментот кога ќе проговорам, ова е прашање на мојата општествена одговорност, вели Даниел Штајнфелд.

Актерката тргна на пат кон Америка по 40 дена од трауматичниот настан со цел да заборави на него. Но, вели дека се јавиле и психички проблеми, секоја ситница почнала да ја потсетува на немилата случка, престанала да спие, да јаде, а во еден момент помислила и на самоубиство.

Докторите и дијагностицирале посттрауматски синдром што е јасен и мерлив доказ за преживеана траума.

– Две години се лекував од посттрауматски синдром. Во тој период не можев да функционирам нормално како личност и да се чувствувам сигурно. Воглавно бев затворена. Ако некој ме потсетуваше на него во било која смисла, се јавуваа тешкотии со дишењето и можев да добијам панични напади“, вели Штајнфелд во интервју за „Инсајдер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот