Бранислав Лечиќ во петок ќе ја даде својата изјава, а во меѓувреме порача „Можеби утре ќе се појави некој маж или дете кои ќе кажат дека сум ги силувал“

Фејсбук
Фото: Фејсбук

Бранислав Лечиќ откри дека добил повик од Вишото јавно обвинителство во Белград, и дека во петок тој ќе ја даде својата изјава по повод обвинувањата од страна на Даниела Штајнфелд дека тој ја силувал.

„Нормално дека ќе се појавам по повод поканата на Обвинителството. Јас во медиумите веќе сум осуден како силувач, монструм, насилник, предатор, подлец, лицемер…. Можеби утре во медиумите ќе се појави некој маж или пак дете, па ќе излезе дека сум силувач и на деца“. Тоа можеше на секој да му се случи, да биде така обвинет, така анатемиран, што покажува дека немаме правна држава, обвинувањата преку медиумите покажуваат дека ние сме орда, а не цивилизирано општество, бидејќи во спротивно би го сочекале ставот на државните органи, па потоа би осудиле некого“, изјави Лечиќ за „Република.рс“

ВИДЕО I Штајнфелд за „Инсајдер“: Ме силуваше, а четири дена потоа игравме во претстава. Посакав и да се самоубијам

„И поставувам прашање на јавноста: Дали едната и другата страна во оваа постапка имаат право да ја кажат својата вистина пред правосудните органи, или веќе медиумите ми закажаа јавно стрелање, а јас само треба да дојдам во бела кошула и јавно да ме стрелаат“, порача актерот

Како што тврди тој, со актерката никогаш немал „ниту љубовен однос, ниту сексуален, а особено негира дека постоело силување“.

Тој ја повика актерката да го објави разговорот во целина.

Да се потсетиме, еден од доказите кој е доставен до Обвинителството е и снимката од разговорот кој актерката го снимила со Лечиќ неколку години по силувањето.

Се огласи и мајката на Даниела Штајнфелд: „Сè што ќерка ми кажа во интервјуто е точно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот