Се огласи и мајката на Даниела Штајнфелд: „Сè што ќерка ми кажа во интервјуто е точно“

Instagram
Instagram

Мајката на актерката Даниела Штајнфелд, Марија, првпат зборуваше јавно и рече дека ја поддржува нејзината ќерка, која го обвини актерот Бранислав Лечиќ дека ја силувал во мај 2012 година.

Знаев сè. Каков родител би била ако не стојам покрај моето дете. Ние, родителите, ги сакаме нашите деца и цел живот сме со нив. И тоа е тоа … Сè што ќерка ми кажа во интервјуто е точно. Ви благодарам што ме контактиравте, јас сум на пат и не би сакала да зборувам понатаму. Јас секогаш ќе бидам покрај Даниела, изјави Марија за „Република.рс“.

ВИДЕО I Штајнфелд за „Инсајдер“: Ме силуваше, а четири дена потоа игравме во претстава. Посакав и да се самоубијам

Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд изјави во Вишото јавно обвинителство во Белград дека нејзиниот колега Бранислав Лешиќ е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал.

Даниела Штајнфелд за прв пат во својот филм „Исцели ме“ изјави дека била силувана, додека јавноста дозна пред два дена кој е сторителот откако актерката го обвини Бранислав Лечиќ. Поради таа причина, Даниела наводно решила да се пресели во Америка.

По сериозното обвинение се огласи и актерот: Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот