Новото засилување Хакими пристигна во Милано (ВИДЕО)

фото: твитер

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави во текот на утринските часови дека Ашрах Хакими доаѓа во Милано на лекарски прегледи.

Мароканскиот интернационалец слета во Милано каде што после лекарските прегледи ќе потпише договор со Интер.

Овој 21-годишен играч блескаше како позајмица во Дортмунд, а Реал одлучи да го продаде. Според италијанските медиуми, се очекува досегашниот „крал“ да направи трансфер на „Џузепе Меаца“ за 40 милиони евра плус пет како бонуси во договорот кој се очекува да трае пет години.

Минатата сезона во дресот на „милионерите“ во сите натпреварувања одигра 45 мечеви реализираше девет голови и запиша 10 асистенции.

Воедно „неро-аѕурите“ денеска го претставија новиот домашен дрес за следната натпреварувачка сезона 2020/2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот