Ново истражување: Веганите имаат дури 43% поголем ризик од кршливост на коските

храна
Foto> unsplash

Луѓето кои следат вегански или вегетаријански начин на исхрана имаат 43% поголем ризик од фрактури на коските во споредба со луѓето кои јадат месо, покажа новото истражување објавено во „BMC Medicine“.

Истражувањето опфатило скоро 50.000 учесници кои живеат во Велика Британија и открило дека вегетаријанците и луѓето кои јадат исклучиво риба, но не и месо, имаат поголем ризик од кршливост на коските во споредба со луѓето кои практикуваат нормален внес на месо.

Ризикот од фрактури, сепак, е делумно намален по внесувањето на индексот на телесна маса, внесувањето калциум и протеини во исхраната.

unsplash

Иако кај луѓето што не јадат месо е забележано понизок процент на калциум и протеини во исхраната, сепак претходните истражувања не биле јасни во врска со прашањето за поврзаноста на вегетаријанскиот начин на исхрана со ризикот од фрактури.

Ова е прва сеопфатна студија за ризиците од тотални и специфични фрактури кај луѓе од различни диетски групи“, изјави водечкиот автор на студијата д-р Тами Тонг, епидемиолог за исхрана во Одделот за јавно здравје на Универзитетот во Оксфорд.

Истражувањата покажаа дека веганите имаат поголем ризик од вкупни фактури што резултира во скоро 20 случаи измерени на 1.000 луѓе во период од 10 години во споредба со луѓето кои јаделе месо.

unsplash

Студијата открива дека најголемите разлики во фрактурите на пример на колк, кај вегани ризикот бил повеќе од двапати поголем од оние кои јаделе месо.

unsplash

Добро избалансираната и претежно растителна исхрана може да резултира во подобрување на нивото на хранливи материи и е поврзана со помал ризик од болести, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес. Поединците треба да ги земат предвид придобивките и ризиците од нивната исхрана и да осигурат дека имаат соодветно ниво на калциум и протеини, а исто така да одржуваат здрав внес на телесна маса“, истакна д-р Тами Тонг.

Истражувањето и неговите резултати биле ограничени бидејќи вклучувале само лица со европско потекло, што е многу важен фактор со оглед на тоа што претходните студии забележале разлики во густинатана минералите во коските и ризиците од фрактури по етничка припадност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот