Ново бебе борец на ГАК: Мила си замина дома после 48 дена

Уште едно предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство си замина дома во прегратките на своите родители. Во прегратките на своите родители, во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина малата Мила Атанасова. Таа помина 48 дена на одделението за интензивна нега и терапија каде заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки.

Како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија. Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама. И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на одделението за интензивна нега. На мама и тато да им носи само убави моменти и радости, велат од ГАК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот