Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Новиот закон не ја чепка автономноста на универзитетите, но имаат обврска за отчетност, вели Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека новиот закон за високото образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, туку воведува обврска за отчетност кон Владата за средствата што ги добиваат.

„Автономијата на универзитетите со овој закон никако не е чепната, но универзитетите треба да се свесни дека голем дел од нив треба да бидат отчетни кон Владата за средствата кои ги примаат од Владата. Ние во автономијата воопшто не навлегуваме но од сега натаму ќе бараме отчетност. Тоа било предвидено со претходниот закон од 2018 година, но никогаш не заживеало. Во моментов бараме да заживее отчетноста без никако мешање во нивната академска слобода. Треба да кажат што тоа замераат, затоа што ниедно тело предвидено во законот не е зависно ниту од Владата, освен од Собранието кое е основач. Јас не гледам дека Владата многу се меша, повторно ќе кажам имаат обврска за отчетност и не гледам дека тука би се појавил било каков проблем, но доколку конкретно се обратат, кој член, кој став, ќе размислиме секако и ќе дискутираме“, додаде Јаневска.

Во поглед на бесплатно високо образование, Јаневска рече дека во моментов не постојат услови за тоа, посочувајќи дека станува збор за сериозна финансиска и системска тема која не може да се решава без стабилна основа.

„Да работеше повеќе минатата власт, ќе можеше да дискутираме и на таа тема. Кога ќе дојде време и кога оваа држава ќе може тоа да го издржи, ќе дискутираме и на таа тема“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да воведе целосно бесплатно високо образование.

Изјавата доаѓа во период кога дел од студентските организации повторно ја актуелизираат темата за бесплатно студирање, барајќи системско решение и поголема државна поддршка за младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот