Новиот Супермен е бисексуалец

Реакциите на луѓето за оваа вест, вели Том Тејлор, творецот на стрип-серијалот „Супермен: Синот на Кал-Ел“, биле многу позитивни

Американската издавачка куќа „ДЦ комикс“ на денот на кревањето на свеста за ЛГБТК-популацијата објави дека новиот Супермен е бисексуалец, а дека во фокусот на новиот број на стрипот ќе биде љубовната врска помеѓу овој суперхерој и новинарот Џеј Накамура.

Размислувајќи за тоа како Супермен би изгледал денес, Том Тејлор, творецот на стрип-серијалот „Супермен: Синот на Кал-Ел“, во кој Џон Кент ја презема наметката од својот татко Кларк, рекол за Би-би-си дека смета дека би се пропуштила голема можност ако наследникот на Кларк Кент би бил уште една „стрејт“ личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ouais! (@ouais)

Според Тејлор, уште пред да ја претстави идејата за Џон Кент како бисексуалец, му било кажано дека „ДЦ комикс“ веќе размислува за таа идеја.

„Во последните неколку години дојде до навистина големо поместување. Пред 5 или 10 години ова би било многу потешко, но сега идејата е прифатена“, објаснил Тејлор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E M I N A (@forever_emina)

Реакциите на луѓето за оваа вест, вели тој, биле многу позитивни.

„Имаше луѓе што заплакаа кога ја прочитаа оваа вест, како и оние што велат дека не можеле ниту да замислат дека во својот живот ќе видат дека Супермен, најмоќниот суперхерој на стрипот, личи на нив“, истакнал Тејлор.

Како што е најавено, нов број на стрипот се очекува во ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DC (@dccomics)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот