Новиот македонски селектор Бајиќ е најдобриот тренер во АБА лигата

Фото: kfsm.mk

Драган Бајиќ, новиот предводник на македонската сениорска репрезентација, и актуелен шеф на стручниот штаб на Игокеа е најдобриот тренер во АБА лигата за тековната сезона.

Вака одлучија новинарите, фановите кои го следат регионалното натпреварување, и моментот кој и дава „тежина“ на наградата, неговите колеги од 14 клубови партиципиенти во сезоната 2020/2021.

Бајиќ доби 63% од вкупниот број на гласови во традиционалното гласање кое го реализира менаџментот на АБА лигата, со кои го „победи“ колегата од Цедевита Олимпија, Јурица Големац (10.8%), како и Владимир Јовановиќ, предводникот на Мега, кој доби 7.7% од вкупниот број на гласови.

Зад себе Драган Бајиќ има една неверојатна сезона со Игокеа. Екипата која ја одведе во друштвото на четирите најдобри кои низ плеј-офот ќе с еборат за шампионската титула во АБА, но и за место во следното издание на Евролигата.

Кошаркарите ги дознаа првите ривали на патот кон Мундобаскетот 2023

Тимот од Лакташи го заврши регуларниот дел од АБА лигата со скор (19-7), доволно за освојување на четвртата позиција на табелата која води во полуфиналето на плеј-офот и серија против белградска Црвена звезда.

Оваа сезона Игокеа беше и на чекор до пласман на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите. На Бајиќ и неговите избраници им недостасуваше само еден триумф за да ја комплетираат одличната сезона.

Димитријевиќ блеска во Шпанија, најефикасен во победата над Манреса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот