Димитријевиќ блеска во Шпанија, најефикасен во победата над Манреса

Фото: kfsm.mk

Екипата на Хувентуд стигна до уште една победа во најсилната шпанска лига. На домашен терен, во Бадалона триумфираше над Манреса со убедлив резултат 96:68 во малото регионално дерби.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар, беше прв стрелец во победничките редови со 14 поени (1/4 за три, 2/4 за два, и 7/7 за еден поен). Додаде четири асистенции и еден скок за 21:38 минути на паркетот за вкупен индекс 18.

Поефикасен од нашиот играч беше само кошаркарот на Манреса, Американецот Скот Итиртон кој забележа 18 поени (девет скока) за вкупен индекс 21.

По ова 34 коло од „Ендеса“ лигата, Хувентуд има учинок од 18 победи и 14 порази и моментно е на седмото место на табелата.

Само една победа ги дели од едно место погоре каде во овој момент е екипата на Сан Пабло Бургос со скор (19-14).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот