Новиот чартер Измир-Скопје ќе донесе зголемен број на турски туристи

Почнувајќи од средината на јуни оваа година, на скопскиот аеродром ќе слетаат нови 12 чартер летови на релација Измир-Скопје-Измир.

Турскиот туроператор „Jolly Tur“ на денешниот состанок со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Љупчо Јаневски најави дванаесет чартер летови (по еден неделно), со кој се очекува да пристигнат повеќе од 2000 турски туристи кои ќе останат 3 ноќевања во земјава.

Новиот чартер на туроператор „Jolly Tur“ е во соработка со македонскиот туроператор Генералтурист, а ќе оперира до месец август.

Ова директно ќе влијае на зголемувањето на бројот на ноќевања на странските туристи во земјава, а ќе се работи и на тоа да се продолжи сезоната на туристите од оваа земја и во текот на месеците септември и октомври.

Преговорите со „Jolly Tur“ започнаа за време на саемот за туризам во Измир, 2018-та година, каде Македонија беше за прв пат земја партнер на саемот. Измир е град во Турција во кој има најголем број на македонска дијаспора и од каде во земајва доаѓаат најголем број на туристи.

Оваа соработка се очекува да се развие во насока на отворање на уште една чартер линија релација Анкара-Скопје во текот на 2020 година.

Преку оваа линија, „ТАВ Македонија“ ја зголемува својата мрежа на авионски конекции кон нови дестинации, кои ултимативно се одразуваат на бројот на турски гости во текот на летните месеци. Бројот на турски туристи за 2018 година е 111.667, кои оствариле 166.620 ноќевања.

Според посетата и остварените ноќевања, најмногу турски туристи го посетиле скопскиот регион, додека според број на посети и ноќевања, на второ место е југозападниот регион.

Зголемениот број на авионски линии е диктиран од големиот интерес на турските туристи за посета на Република Северна Македонија поради близината која ја имаат со македонскиот народ, како и семејните и традиционалните корени на двата народи.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за развивање на дестинацијата дополнително предложи поддршка во насока на посета на новински агенции, медиуми, блогери и инфлуенсери од регионот на Измир, Турција, што би значело дополнителна промоција на убавините и туристичките содржини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот