Тејлор Свифт - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Новиот албум на Тејлор Свифт руши рекорди: Ја надмина Адел, но и себеси

Тејлор Свифт повторно влезе во музичката историја. Нејзиниот 12-ти студиски албум, „The Life of a Showgirl“, се продаде во четири милиони примероци во САД само за една недела од објавувањето, соборувајќи го рекордот што го држеше Адел речиси една деценија, објави „ХафПост“.

Ова е најголемата продажба во првата недела во историјата на модерната музика, потврди Luminate, аналитичка компанија која ја следи продажбата од 1991 година. Со ова, Свифт го надмина албумот „25“ на пејачката Адел, кој се продаде во 3,4 милиони примероци во првата недела во 2015 година.

„The Life of a Showgirl“ беше издаден на 3 октомври и се продаде во 3.479.500 примероци во првата недела. Свифт, исто така, стана соло изведувач со најмногу албуми на првото место на Билборд 200, со 15, надминувајќи ги Дрејк и Џеј-Зи, кои имаат по 14. Единствените изведувачи кои сè уште се пред неа се легендарните „Битлси“, со 19 албуми на врвот на листата.

Новиот албум го сруши и рекордот за најголема продажба на винил плочи во една недела во САД, со 1,2 милиони продадени примероци во првиот ден. Претходниот рекордер беше и нејзиниот албум, „The Tortured Poets Department“, кој се продаде во 859.000 винил копии за една недела.

Веста за продажбата на плочи доаѓа веднаш по објавувањето на два нови проекти на платформата Disney+. Првиот е документарна серија од шест епизоди за нејзината историска турнеја „Ерас“, чии први две епизоди пристигнуваат на 12 декември. Вториот проект е филм, кој вклучува и изведби од нејзиниот албум „The Tortured Poets Department“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот