Нови тензии во Мадрид: Мбапе јавно се пожали од Арбелоа, тренерот брзо му одговори
По натпреварот против Реал Овиедо, продолжија тензиите во Реал Мадрид, а сега главни актери во најновата драма се Килијан Мбапе и тренерот Алваро Арбелоа. Нивниот јавен судир предизвика вистинска бура во шпанските медиуми, а кулминацијата дојде по обраќањето на Французинот пред новинарите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мбапе одлучи да застане пред камерите за да ги разјасни бројните гласини што кружат изминатиов период. На почетокот се извини за отсуството од неодамнешното „Ел Класико“, а потоа се осврна и на контроверзното патување во Италија.
Францускиот напаѓач истакна дека за патувањето со својата девојка имал официјална дозвола од клубот, со што сакаше да ги демантира тврдењата за недисциплина.
Сепак, најголемо внимание предизвика неговата изјава за статусот во тимот. Мбапе нагласи дека е целосно физички подготвен за настап, но во последно време не добива минутажа затоа што Арбелоа, наводно, му соопштил дека е дури четврта опција во нападот, зад Мастантуоно, Винисиус и Гонзало
„Не бев стартер бидејќи тренерот ми рече дека за него сум четврти напаѓач во тимот. Не знам што би ви рекол јас, морате него да го прашате. Бев подготвен да почнам, но тоа беше негова одлука“, рече Мбапе.
Не се чекаше долго за реакција од тренерот на мадридскиот гигант. Арбелоа јавно одговори на тврдењата на својата ѕвезда и порача дека додека тој го води тимот, единствено тој одлучува кој ќе игра, а кој ќе остане на клупата, без разлика на тоа колку е звучно нечие име.
🚨 The Mbappe-Arbeloa recent public clash, explained:
· After the last Real Madrid game against Real Oviedo, Kylian Mbappé addressed the press to clarify all the recent rumors regarding him.
· He started by saying he was sorry for not being able to play El Clasico…
· Then he… pic.twitter.com/i9oxZDWsXI
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) May 15, 2026
Шпанскиот стратег категорично ги демантираше тврдењата на Мбапе дека бил наречен четврта опција, додавајќи дека искрено би сакал во составот да има четворица класични напаѓачи.
„Јас сум му рекол дека е четврти напаѓач во тимот? Не, никогаш не сум рекол такво нешто, не знам што мислел. Ние дури немаме четворица напаѓачи, така што очигледно лошо ме разбрал. Јас сум тренер на Реал, јас одлучувам кој ќе игра, а кој ќе седи на клупа“.
На крајот од обраќањето, Арбелоа ги откри и причините поради кои Мбапе останал на клупата. Според него, сосема е нормално и логично од првиот тим да биде изоставен фудбалер кој не тренирал само четири дена пред натпреварот.
Оваа војна на зборови јасно покажува дека атмосферата во соблекувалната на „кралскиот клуб“ е сериозно нарушена, што беше потврдено и со инцидентот неодамна во кој физички се пресметаа Валверде и Винисиус.
Арбелоа разочаран од „шпиуните“ во Мадрид: Тоа што се случува е предавство на клубот
Флорентино Перез: Нема да поднесам оставка, создадена е апсурдна ситуација против Реал Мадрид


