Алваро Арбелоа/Real Madrid C,F

Арбелоа разочаран од „шпиуните“ во Мадрид: Тоа што се случува е предавство на клубот

Реал Мадрид влегува во еден од најтурбулентните периоди сезонава, а по информациите за физичка пресметка меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде, тренерот Алваро Арбелоа јавно проговори за состојбата во клубот.

На прес-конференцијата пред утрешното „Ел Класико“, Арбелоа истакна дека е револтиран од тоа што информации од соблекувалната се појавиле во медиумите, оценувајќи дека таквите постапки му нанесуваат штета на клубот. Воедно, тој застана во одбрана на своите фудбалери и се обиде да ја смири атмосферата пред големото дерби.

Според него, клубот реагирал брзо и транспарентно, а двајцата играчи ја признале грешката и покажале каење за инцидентот.

„Нема да ги осудувам јавно бидејќи тоа не го заслужуваат. Во изминатиот период покажаа дека добро разбираат што значи да се носи дресот на Реал Мадрид. Време е да се сврти нов лист“, изјави Арбелоа.

Тренерот ги демантираше и шпекулациите дека фудбалерите покажале непочитување кон стручниот штаб или дека во тимот недостига професионализам. Најостра порака испрати до лицата кои ги пласирале информациите од соблекувалната во јавноста.

„За мене, протекувањето информации од соблекувалната е предавство кон Реал Мадрид и кон клупскиот грб. Тоа е чин на нелојалност“, порача Арбелоа.

Сепак, тој одби да посочи конкретен виновник, нагласувајќи дека во клубот има многу вработени и дека нема намера без докази да вперува прст кон било кого.

Барселона и Реал Мадрид утре од 21 часот ќе го одиграат новото „Ел Класико“, а каталонскиот тим со евентуална победа и математички ќе ја обезбеди шампионската титула.

Хаос во Реал Мадрид: Валверде се степал со Чуамени и завршил во болница

Реал Мадрид им изрече парични казни на Валверде и Чуамени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот