Нови шокантни тврдења за Хју Хефнер: Плејбој зајачиците биле заложнички, силувани и дрогирани со денови!

Profimedia
Profimedia

Новиот документарец за основачот на Плејбој, Хју Хефнер ќе открие морничави детали кои досега очигледно им биле познати само на девојките кои живееле со него.

Шокантна исповед на зајачица на „Плејбој“: На забавите имаше толку дрога што дури и кучето стана зависно!

Имено, Хефнер манипулирал и дрогирал десетици млади жени за да учествуваат во понижувачки оргии.

Хју отсекогаш се претставуваше себеси како застапник на сексуалната слобода, но, „Тајните на Плејбој“ – документарна серија од 10 дела, која премиерно ќе биде прикажана на 24 јануари, треба да открие како неговата вила станала „игралиште“ за употреба на дрога и сексуална злоупотреба.

хју хефнер
Фото: Profimedia

Документарната серија, меѓу другото, се занимава и со скриените вистини на Плејбој, со ексклузивни интервјуа со инсајдери, меѓу кои и поранешните зајачици Хју Хефнер, Холи Медисон и Сондра Теодор, како и поранешната „Мајка зајачица“ Пи Џеј Мастен.

Теодор, која сега има 65 години, открива дека во вилата имало групен секс пет ноќи неделно. Хју Хефнер, исто така, организирал неделни „свински ноќи“, при што носел десетина „грди“ проститутки за неговите пријатели.

Вип членовите на ноќните клубови на Плејбој правеле буквално што ќе им текне! На пример, еден познат американски водител наводно држел две зајачици на Плејбој како заложници и силувал една од нив.

хју хефнер
Фото: Profimedia

Холи Медисон, зајачица на Плејбој, која се забавувала со Хефнер осум години, раскажала и за тоа како Хју одбивал да користи заштита за време на сексуалните односи и како дури размислувала да си го одземе животот поради начинот на кој живеела во познатата вила.

„Во собата имаше многу видео касети, плишани животни, уметнички дела, подароци… Како да беше собирач на се и сешто, иако мислам дека најсоодветно е да се каже дека собираше к**ви. Имаше и два огромни телевизиски екрани кои прикажуваа порнографија, а само тие го осветлуваа инаку темниот кревет“, се присетила Холи на првиот пат кога завршила во спалната соба на Хју.

хју хефнер
Фото: Profimedia

Хју Хефнер имал камери во секоја соба, дури и во градината каде биле поставени скриени микрофони. Сондра Теодор вели дека Хефнер намерно канел новинари од висок профил во Плејбој вилата за да може да ги снима и потоа да ги уценува.

„На крајот направија нешто за што се покајаа, а тој ги вовлече во тоа, во случај да сакаа да напишат нешто негативно“, истакнува таа.

Исповед на Холи Медисон, поранешна зајачица на „Плејбој“: Му бевме бели робинки на Хју Хефнер

Хефнер го лансирал првото издание на списанието Плејбој во 1953 година, на свои 27 години. Насловната страница на првото издание на магазинот ја красела Мерилин Монро. Првото издание се продало во повеќе од 50.000 примероци и оттогаш создаде империја. Тој почина на 27 септември 2017 година на 91-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот