Нови протести во Минск: Полицијата удри по демонстрантите и новинарите (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Natalia Fedosenko / TASS / Profimedia

Полицијата и демонстрантите денеска се судрија во Минск откако припадниците на белоруските безбедносни сили се обидоа да го растурат протестот и почнаа да приведуваат.

Демонстрантите возвратија фрлајќи предмети врз полицајците.

Руската новинска агенција ТАС С јави дека приведени се тројца нејзини дописници, кои имале добиено акредитации од белоруското Министерство за надворешни работи.

Фото: Natalia Fedosenko / TASS / Profimedia

Белоруската полиција привела уште еден новинар на ТАС С, заедно со тројца дописници на новинската агенција БелаПАН и еден фоторепортер на белорускиот весник „Нови час”.

По спорните претседателски избори одржани на 9 август, граѓаните протестираат тврдејќи дека изборните резултати се фалсификувани и бараат оставка од претседателот Александар Лукашенко. 

Фото: Natalia Fedosenko / TASS / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот