Нови прогнози на шаманите: Во 2023 година ќе заврши војната во Украина!

Шамани Перу/ Фото: Cris BOURONCLE / AFP / Profimedia

Мирот меѓу Русија и Украина е на подвиг во новата година, така барем предвидуваат групите шамани и исцелители во главниот град на Перу, Лима, пренесува „Ројтерс“.

Шаманите, облечени во традиционална облека на Андите, ја дочекаа следната година со класичната церемонија, со цвеќиња, змии и фотографии од украинскиот и рускиот претседател.

Шамани Перу традиција предвидување / Фото Cris BOURONCLE / AFP / Profimedia

„Сето ова ќе се смири.Ќе дојде мир, спокојство. Тоа е она што го видовме“, рече шаманот Клеоф Седано, предвидувајќи мировен договор да биде потпишан до август.

Церемонијата, која се изведува секоја година кон крајот на декември, доаѓа десет месеци по руската инвазија на Украина, која остави десетици илјади мртви.

Шамани Перу/ Фото Cris BOURONCLE / AFP / Profimedia

Издавајќи ги своите предзнаци откако кружеа над цвеќињата, со черепи на земја, шаманите предвидуваат и природни катастрофи за следната година.

„Следната година ќе има земјотрес, но не во главниот град на Перу, на друго место, најмногу во странство во северниот дел на Америка, што би можело да биде САД… ќе има многу трагедии, главно климатски, “, рече шаманот Валтер Аларкон.

Шаманите не можат да се пофалат со добрите прогнози, барем не со оние за лани. Тие лани предвидоа дека нема да има војна меѓу Украина и Русија и дека фудбалската репрезентација на Перу ќе се квалификува на Светското првенство во Катар. Војната во Украина избувна во февруари, а Перу не успеа да се квалификува на мундијалот во Катар.

Да ги решат семејните и романтичните спорови: Тепачки како божиќен обичај во Перу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот