Нови еколошки правила за свињи и живинарски фарми

Фото: Архива

Европскиот парламент одобри ревидирана верзија на правилата на ЕУ за емисиите на гасови генерирани од индустриски постројки, која ќе биде проширена на повеќе фарми за свињи и добиток, и покрај напорите на десничарите да го поништат законот за време на неодамнешното гласање во Стразбур, пишува „Евроактив“.

Парламентот ја усвои ажурираната Директива за индустриски емисии (IED) со 393 гласови „за“, 173 „за“ и 49 воздржани, што ќе ги принуди големите свињарски и живинарски фарми да се усогласат со правилата за почист воздух и вода.

Мерките ќе се применуваат од 2030 година на фарми со приближно 1.100 возрасни свињи и 700 маторици, со исклучок на еколошките и екстензивните фарми. Сегашната директива веќе опфаќа фарми со повеќе од 2.000 свињи и 750 маторици.

Прагот на живина останува непроменет на 40.000 животни за фармите кои одгледуваат кокошки за месо, додека за оние кои произведуваат јајца новата граница е поставена на 21.400 кокошки.

Како што е наведено, компаниите може да се соочат со парични казни од најмалку три проценти од нивниот годишен промет во ЕУ за најтешки прекршоци, додека граѓаните погодени од прекршувањето на правилата можат да бараат надомест за штетата по нивното здравје.

Комисијата ќе има рок до 2026 година да процени дали директивата ќе важи и за сточарските фарми. Извршната власт на ЕУ, исто така, ќе размисли за воведување „клаузула за реципроцитет“ за да се осигура дека производите увезени од надвор од ЕУ ги исполнуваат сличните еколошки стандарди како оние што се произведуваат во ЕУ.

Предлогот беше силно критикуван од земјоделскиот сектор на ЕУ и од десничарските партии за таргетирање на „семејните фарми“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот