Нови државни рекорди на Македонија на „Дубочица Опен“

Крстевска се погрижи за нов апсолутен рекорд на 200 метри грбно, а Блажевска Еминова со нов младински на 100 метри слободно.

На Меѓународниот пливачки митинг „Дубочица Опен” во Лесковац (Србија) поставени се два нови Државни рекорди на Македонија.

Пливачката на П.В.К Орион од Скопје, Миа Крстевска постави нов апсолутен рекорд во дисциплината 200 метри грбно со време 2:18:02 мин., додека Миа Блажевска Еминова исто така од П.В.К.Орион постави нов младински рекорд на Македонија во дисциплината 100м слободно со време 58:62.

Младиот пливач на П.К Вардар од Скопје, Дамјан Станковски беше прогласен за најдобар пливач во категоријата на пливачи 9 години и помлади.

Учество земаа 348 пливачи од седум држави: Македонија, Хрватска, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија и Словенија.

Од нашата земја учество земаа клубовите: Аква Про, Вардар 8, Младост, Вардар, Скопје, Вардар 2018 и Орион.

Сите официјални резултати од митингот можете да ги погледнете на следниот линк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот