Нови детали за мистериозната смрт на Џин Хекман и сопругата: Последниот запис на неговиот пејсмејкер открива кога починал
Неколку дена по веста за смртта на холивудската легенда Џин Хекман и неговата 32 години помлада сопруга Бетси Аракава, светот сè уште е во шок.
Препорачано
Полицијата се обидува да ги утврди причините за нивната мистериозна смрт, а според последните извештаи актерот најверојатно бил мртов девет дена пред да биде откриено неговото тело, пренесуваат странските медиуми.
Џин Хекман беше пронајден мртов со неговата сопруга Бетси Аракава во нивниот дом во Санта Фе во средата, откако соседите ги виделе нивните тела низ прозорец.
За време на прес-конференцијата, шерифот Адан Мендоза рече дека истрагата на д-р Хедер Џерел, главниот лекарски преглед во Ново Мексико, покажала дека последниот запис на пејсмејкерот на Хекмен била на 17 февруари 2025 година – девет дена пред да биде пронајден.
„Прелиминарната истрага на неговиот пејсмејкер откри дека последниот настан е снимен на 17 февруари 2025 година. Ми беше кажано дека ќе биде спроведена подетална истрага“, рекол Мендоза.
На прашањето дали тоа значи дека Хекман починал тој ден, тој одговорил: „Според патологот, претпоставката е дека тоа всушност бил неговиот последен ден од животот“.
„Начинот и причината за смртта сè уште не се утврдени. Официјалните резултати од обдукцијата и токсиколошките тестови се чекаат“, додал Мендоза.
Да потсетиме, полицијата претходно наведе дека Џин Хекман бил пронајден на влезот во близина на кујната, додека неговата сопруга лежела во бањата со греалка до главата. Постои можност Аракава да паднала ненадејно, но конкретните причини за смртта сè уште не утврдени. Тестовите на гасоводите во домот не покажале знаци на истекување на јаглерод моноксид или труење. Првичните резултати од обдукцијата не укажуваат на насилна повреда ниту пак имало знаци на „надворешна траума“. До сопругата на актерот било пронајдено шише со апчиња, земени на рецепт, расфрлани по работната површина. Додека пак, кучето било пронајдено мртво во бањата. Телата на актерот и неговата сопруга биле делумно распаднати и мумифицирани во пределот на рацете и нозете кога биле пронајдени.
Семејството на Џин Хeкман тврди: Тој беше здрав, вежбаше пилатес и јога


