Новата колекција на францускиот бренд Кензо инспирирана од „Медена земја“

Новата колекција на францускиот бренд Кензо беше претставена во склоп на модната недела во Париз како своевидно бегство од сите случувања поврзани со пандемијата на коронавирус.

Присутните уживале на отворено во градина со рози, следејќи ги здравствените протоколи. Сите морале да носат маски и да држат дистанца. Во оваа колекција на Кензо се чувствува искуството на хармоничните и оптимистички аспекти на околината, теми кои се основа на овој бренд.

И оваа колекција влегува во рамките на веќе познатите еколошко свесни проекти на Кензо.

Неговата колекција ја отворија модели кои носеа прикриени костими што наликуваат на пчеларските. А неизбежна беше референцата од нашиот документарен филм „Медена земја“ од каде и бил инспириран самиот дизајнер. 

Instagram

Инспирација е земена од филмот кој го прикажува контрастот помеѓу Атиџе, жената која ги почитува пчелите и зема само половина од медот, а другото го остава на пчелите. Светот, а очигледно и дизајнерот останале со силни импресии од овој филм.

„Тоа е една од најстарите соработки помеѓу човекот и природата“, изјавил дизајнерот Фелипе Оливеира Баптиста кој стои позади овој бренд објаснувајќи дека сликата на македонската пчеларка му се појавила во одличен момент.

Instagram

„Сакав да искажам нешто за кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме. Сите одат кон најниското ниво на ситуацијата обземени од страв и вознемиреност, но ние одиме кон високото: сонуваме за оптимизам и иднина, се враќаме на работите што ни недостасуваа“, изјавил Фелипе.

Instagram

Елементите со кои тој ја дизајнирал оваа колекција се насочени кон опстанокот, интересен е моментот што на секое место каде што требало да седат присутните имало тегличка мед.

Во време кога целиот свет се справува со проблем како што е пандемија, колекцијата на Кензо несомнено дава чувство на самозаштита, враќајќи нѐ кон суштината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот