Книгата беше кандидат за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2025 година

Новата книга на Васил Мукаетов ќе ги поведе децата на магичен пат низ татковината

Најновата книга на познатиот македонски писател за деца Васил Мукаетов е насловена „Стапка по стапка, од Дојран до Попова Шапка“ и е објавена во издание на „Панили“ од Скопје.

Во книгата се поместени деведесет песни посветени на македонските села и градови, како и на природните и културните знаменитости на Македонија. Мукаетов на децата им се обраќа на „ти“ без патетика.

– Одиме заедно на прошетка во нашата татковина. Од град во град. Од село в село низ природните убавини и знаменитости. Низ нашето духовно културно наследство. А, дома. Некои сте ги посетиле на училишните екскурзии. Некои ќе ги посетите кога ќе бидете повозрасни. Стиховите ќе ви помогнат да ги видите од поведрата страна – вели авторот Мукаетов во предговорот на книгата.

Во поговорот кон книгата, пак, насловен „На пат низ Македонија со најдоброто и најбезбедно превозно средство“, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го истакнува Васил Мукаетов како автор што постојано се обидува да го фати ритамот на новото дете и да му раскаже, да му отпее на тоа ново дете и за детето од времето на неговите родители, на неговите учители, на неговите баби и дедовци. Книгата е магичен пат низ Македонија изоден преку 90 песни. Книгата беше кандидат за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2025 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 323, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 7-8.3.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот