Нова „Златна копачка“ во рацете на Меси! (ВИДЕО)

twitter.com/FCBarcelona

Минатата сезона аргентинската фудбалска ѕвезда постигна вкупно 36 голови за Барса во шпанската „Ла Лига“. По шестипат Лионел Меси ја освојува наградата за најдобар стрелец, а тоа е нов рекорд по бројот на овие награди.

Кристијано Роналдо четирипати доаѓал „Златната копачка“. Меси ја освојуваше наградата во сезоните 2009/10, 2011/12, 2012/13, 2016/17 и 2017/18.

Во сезоната 2015/16 „Златна копачка“ отиде во рацете на Луис Суарез, а Роналдо и тој ја поделија во сезоната 2013/14.

Кристијано оваа награда ја освојуваше уште во 2010/11, 2014/15, како и во 2007/08 во дресот на Манчестер јунајтед.

Оваа сезона после Меси најдобар стрелец е Килијан Мбапе со 33 голови во Лига 1 за ПСЖ, додека Фабио Кваљарела од Сампдорија реализираше 26 погодоци и тој е третопласиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот