Нова студија: Третата дозата на „Фајзер“ и „Модерна“ поефикасна кај оние кои прво примиле „Џонсон и Џонсон“

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Луѓето кои прво ја примиле вакцината „Џонсон Џонсон“ против коронавирусот може да имаат корист од дополнителна доза „Фајзер“ или „Модерна“, покажаа прелиминарните резултати од американската студија објавена во средата.

Студијата, финансирана од Националниот институт за здравство (НИХ), со нетрпение се очекуваше во Соединетите држави, бидејќи ја разгледува можноста за „мешање“ на вакцините – користење трета доза вакцина различна од почетните дози, што во моментов не е дозволено во земјата, пишува Си-Ен-Би-Си њуз.

Студијата беше спроведена на 458 возрасни лица кои биле вакцинирани пред најмалку 12 недели со една од трите одобрени вакцини во САД (Фајзер,Модерна и Џ и Џ).

Истражувачите потоа го анализирале нивото на антителата 15 дена по ревакцинацијата.

За луѓето кои првично биле вакцинирани со „Џонсон и Џонсон“, нивото на антителата биле четири пати повисоки по ревакцинација со истата вакцина, 35 пати повисоко по ревакцинација со „Фајзер“ и 76 пати повисоко по ревакцинација со „Модерна“.

Нивото на антитела за оние кои првично примиле „Модерна“ било повисоко „без оглед на тоа со која вакцина се вакцинирани“, во споредба со оние кои првично примале Фајзер или Џ и Џ“, се вели во студијата.

Покрај тоа, се покажа дека „не се идентификувани безбедносни проблеми“ по ревакцинацијата.

Студијата, која се уште не е разгледана

Бројот на учесници бил мал, а имунолошкиот одговор може да се развие со текот на времето дури и по 15 дена како што било следено во текот на студијата.

„Важно е да не се претерува со резултатите“, напиша Питер Хотез, професор на Медицинскиот колеџ Бејлор, на Твитер.

Студијата на НИХ треба да предизвика дискусија од експертскиот комитет на Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА), која треба да ги разгледа барањата за ревакцинација на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ овој четврток и петок.

Вакцинацијата со „Фајзер“ веќе е одобрена во Соединетите држави за одредени популации, како што се луѓе над 65 години или постари, возрасни со здравствени состојби со висок ризик и оние на работни места каде што често се изложени на коронавирус.

САД дозволи трета доза Фајзер за лицата постари од 65 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот