Нова студија: Пиењето 3 шолји кафе дневно може да го одржува низок крвниот притисок

Кафе
Фото: Pexels

Според новата научна студија објавена минатиот месец во списанието „Нутриентс“, пиењето 3 или повеќе шолји кафе во текот на денот, има поврзаност со нискиот притисок, пишува „Хелт“ (Health).

Студијата направена од тим научници од Сент Орсола-Малпиги, универзитетска болница во Болоња, Италија, открива дека редовните пијачи на кафе имаат значително понизок крвен притисок во периферната и централна аорта, во споредба со оние кои не консумираат кафе воопшто.

„Во нашата студија, која се базира на податоци од голема група испитаници, ние воочивме дека консументите на кафе, кои пијат 3 или повеќе шолји на ден, имаат понизок крвен притисок, во споредба со оние кои не консумираат кафе“, рекол еден од авторите Ариго Цицеро, професор на универзитетот Алма Матер во Болоња.

Иако придобивките од кафето вклучуваат и помал ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес, ефектот од кафето врз крвниот притисок сѐ уште е нејасен, пред сѐ, поради познатите влијанија на кафето врз крвниот притисок.

„Кофеинот е само една од состојките на кафето, и секако не единствена која игра активна улога“, вели Цицеро во новата студија. „Знаеме дека кофеинот го зголемува крвниот притисок, но другите биоактивни состојки во кафето, се чини дека прават противтежа на овој ефект и резултираат со менување на нивото на притисокот во крвта“, објаснува Цицеро.

За потребите на студијата тимот научници истражил податоци од 720 мажи и 783 жени кои биле инволвирани во Brisighella Heart Study, студија која анализирала луѓе од рурална средина во Италија.
„Резултатите се многу јасни, периферниот крвен притисок значително се намали кај луѓето кои консумирале три или повеќе шолји кафе“, вели Цицеро.

Пред оваа студија, повеќето истражувања направени во оваа област го разгледуваа главно периферниот притисок, за кој некои експерти веруваат дека можеби и не е толку точен како мерењата на централниот притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот