Нов твит на руската амбасада во Париз ги налути француските власти

Руска амбасада/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Откако руската амбасада во Франција ги негираше масакрите во Украина, на разговор беше повикан амбасадарот на Русија во Париз од страна на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, кој беше огорчен од овие забелешки, јави дописникот на МИА.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска повторно го повика рускиот амбасадор во Париз, по твитот на амбасадата, кој Париз го оцени како „непристоен” за злосторствата извршени во украинскиот град Буча.

„Соочен со непристојноста и провокацијата на комуникацијата на руската амбасада во Франција за злосторствата во Буча, решив утрово да го повикам во Кеј д’Орсе рускиот амбасадор Алексеј Мешков, напиша на Твитер шефот на француската дипломатија. Амбасадата во меѓувреме го отстрани твитот со наслов „филмско плато” и придружен со фотографија на која се гледа толпа новинари на улица во Буча, што сугерира дека масакрите на цивилите во тој град биле исценирани.

Според генералниот обвинител на Украина, Ирина Венедиктова, останките на 410 цивили биле пронајдени во Буча и други територии на регионот на Киев, кои украинската војска неодамна ги ослободи од руската окупација. Москва од своја страна негираше дека убила цивили во Буча, Кремљ и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдат дека тоа се „фалсификати” и инсценации за печатот.

Според портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, која западните медиуми ги смета за „соучесници” во ова „фалсификување”, украинската страна или егзекутирала цивили во овој град, или таму ги превезувала телата со цел да се исценира случај.

На 25 март, рускиот амбасадор веќе беше повикан во Министерството за надворешни работи на Франција по објавувањето на карикатури на Твитер профилот на амбасадата на кои особено се гледа како Европејците го лижат задникот на чичко Сем. Како и многу други европски престолнини, Франција исто така во понеделникот објави протерување на 35 руски дипломати чии активности се сметаат за „спротивни на (нејзините) интереси”.

Извор: МИА

Макрон го прашал Зеленски дали е вистина за силуваните Украинки, добил потврден одговор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот