ФОТО: Руската амбасада во Париз објави карикатура која ги налути Французите, го повикаа амбасадорот

Карикатура која ги вознемири Французите/Фото: Твитер

Рускиот амбасадор во Париз, Алексеј Мешков, денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи, по објавувањето на карикатури на твитер-профилот на амбасадата, кои француската дипломатија ги нарече „неприфатливи“.

„Овие објави се неприфатливи. Ова денеска јасно му го кажавме на рускиот амбасадор Алексеј Мешков“, соопшти француското Министерство за надворешни работи во време на криза меѓу Русија и Западот поради руската инвазија на Украина.

На една од карикатурите се гледа како Европејците на колена го лижат задникот на чичко Сем со текст: „Таква е европската солидарност“.

На втората карикатура, Европа е прикажана како пациент на болнички кревет во кој нејзините мачители, САД и Европската унија, внесуваат супстанции како што се „неонацизам“, „русофобија“ и „ковид-19“.

„Се обидуваме да одржиме баран дијалог со Русија“, но таквите „дејства се целосно несоодветни“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

Руската амбасада потврди за Франс прес дека „содржината објавена на Твитер била предмет на дискусија меѓу другите теми“.

Таа вчерашна објава во меѓувреме беше повлечена од Твитер. Рускиот амбасадор „ги предупреди француските колеги на провокации и вандализам насочени кон руските дипломатски претставништва во Франција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот