Нов тест на крвта открива колку некој е депресивен и нервно растроен
Научниците развија нов тест на крвта кој ги анализира биомаркерите поврзани со нарушувањето на расположениет, кој би можел да биде пресвртница во начинот на дијагностицирање и лекување на депресијата и биполарното нарушување.
Препорачано
Иако за депресијата се знае со векови и од неа боледуваат стотици милиони луѓе ширум светот, традиционалната дијагноза и натаму зависи од клиничките проценки на лекар, психолог и психијатар.
Експертите во новото истражување идентификувале 26 биомаркери во крвта на пациентите кои варијабилно се поврзани со зачестено нарушување на расположението, вклучувајќи и депресија, биполарно нарушување и мании.
„Биомаркерите може да бидат важна алатка кај оние нарушувања кај кои субјективната перцепција на поединецот или клиничкиот впечаток на здравствениот работник не се целосно веродостојни“, рече психијатарот Александер Б. Никулеску од Универзитетот Индијана.
„Овие тестови на крвта можат да отворат врата за прецизно и објективно следење на реакциите на лекување“, додаде тој.
Научниците на оваа студија работеа 4 години и набљудуваат стотина пациенти во Медицинскиот центар Ричард Л. Раудбуш и спроведуваа низа тестови за идентификација на биомаркерите за експресија на гените кои би можеле да бидат поврзани со нарушување на расположението, пишува Сајнс Алерт.
Некои биомаркери се поврзани со депресија, а некои со биполарно однесување
Земале крв од оние пациенти со депресија кои се согласиле да учествуваат во истражувањето во текот на сите состаноци со својот психијатар и ја следеле промената на нивното расположение. Потоа ги споредувале тие примероци од крв со базата на податоци собрани од 1.600 студии за човечката генетика, експресија на гени и експресија на протеини и идентификувале 26 биомаркери кои би можеле да бидат поврзани со депресија и слични заболувања.
Во последната фаза од истражувањето, на друга група психијатриски пациенти се обиделе да утврдат дали може преку тие 26 биомаркери да се одреди нивното расположение, депресијата и манија.
Откриле дека 12 биомаркери се силно поврзани со депресија, шест со биполарно растројство и два со манија.
Иако засега се работи за научно потврдне концепт не е познато кога овој тест би можел да влезе во широка употреба, но научниците се надеваат дека нивните резултати ќе ја уверат психијатриската заедница дека прецизното медицинско дијагностицирање може да има своја улога во дијагнозата и лекување на депресијата.
„Ова е наш обид да ја преселиме психијатријата од 19 век во 21 век“, рече Никулеску.
Студијата наречена Прецизна медицина за нарушувања на расположението: објективна проценка, предвидување на ризик, фармакогеномија и пренаменети лекови е објавена во списанието Молекуларна психијатрија


