Нов совршен трик за фарбање на јајца во лушпа од кромид: Совршени јајца за најубава велигденска кошница (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Вака уникатни шари ќе постигнете со мали лушпи од кромид и бои за фарбање на јајцата.

Традиционалниот начин за фарбање на јајцата во лушпи од кромид ни носи нова инспирација.

Доколку сакате овој Велигден да го прославите со нова декорација, тогаш овие шарени јајца се вистинскиот погодок.

Вака уникатни шари се постигнуваат со ситни лушпи од кромид и бои за фарбање на јајцата.

Лушпите од кромидот треба да ги изроните ситно и да ги ставите во длабок сад. Едно бело јајце натопете го во вода, а потоа извалкајте го во лушпите од кромид, па ставете го во газа и прицврстете го цврсто со конец.

Јајцата ставете ги во сад со вода, додадете лажица оцет и саканата боја.

Сварените и обоени јајца извадете ги од садот, оставете малку да се оладат, па одмотајте ги и отстранете ги преостанатите лушпи.

На местата каде што лушпите не се залепиле ќе ја видите посакуваната боја во комбинација со бојата од лушпите од кромид. Добиените шари целосно ќе ве изненадат.

Погледнете ја целосната постапка во следното видео…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот