Нов скандал во Јувентус, фудбалер се соочува со тригодишна забрана поради обложување?!

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Додека Пол Погба е обвинет поради допинг, уште еден фудбалер на Јувентус, Николо Фаџоли може да има долга суспензија, во овој случај поради – обложување.

Италијанските медиуми денеска открија нов скандал во клубот од Торино. Фаџоли наводно се обложил на нелегални платформи, што е забрането со законите во Италија.

Коцкањето не е кривично дело, забрането е да се ставаат облози во обложувалници кои не се овластени од италијанската влада, а уште полошо, забрането е да се ставаат за професионални фудбалери, учесници на натпревари достапни за обложување.

Истрагата против Фаџоли ја покрена државниот обвинител Мануел Педрота, со постапката се запознаени и адвокатите на Јувентус, а сега останува да се утврди дали Фаџоли стои зад сомнителните одлуки и колкава казна го чека.

Може да се каже дека дури и неговата професионална кариера зависи од доказите, бидејќи доколку Фаџоли биде прогласен за виновен, може да биде суспендиран од професионалниот фудбал до три години.

Казната во овој случај е 25.000 евра, но дефинитивно за Фаџоли би бил најмал проблем ако се земат предвид платите на фудбалерите во Серија А. Инаку, оваа сезона Фаџоли добива поголема минутажа кај тренерот Алегри, одигра шест натпревари и забележа една асистенција во шампионатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот