Погба и вторпат позитивен на допинг, му се заканува долга суспензија

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерот на Јувентус Пол Погба беше позитивен и на вториот допинг тест.

Францускиот фудбалер беше на контрола по натпреварот против Удинезе, а тогаш му беа пронајдени забранети супстанци. По тој тест, Французинот мораше да оди и на втор тест кој на крајот ги потврдил резултатите од првиот.

Со ваквиот исход на Погба му се заканува долга суспензија и многу веројатно раскин на договорот со Јувентус.

Најголемата суспензија која може да ја добие Погба е четири години. Со оглед на тоа дека има 30 години и често имаше проблеми со повредите во последните години, таа одлука веројатно би значела и крај на неговата кариера.

Сезонава Погба одигра само два натпревари во Серија А и запиша само 52 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот