Нов пресврт во Тотенхем, сега најблиску до клупата е поранешниот тренер на Барселона

Ернесто Валверде е главен фаворит да го наследи Симеоне во Атлетико Мадрид/ фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Екипата на Тотенхем е во интензивна потрага по нов тренер, имињата на потенцијалните кандидати се вртат како на филмска лента, а денеска нов фаворит на медиумите е поранешниот новинар на Барселона, Ернесто Валверде.
Оваа вест ја објавија итлаијанскиот новинар Фабрицио Романо кој исто така прв објави дека Тотенхем преговара со Пауло Фонсека и Џенарогатузо.
Романо открива дека Валверде е новиот избор на првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, но и дека договор се уште не е постигнат.

Ернесто Валверде од 2017 до јануари 2019 година седеше на клупата на Барселона и за тоа време освои две титули едноподруго во Ла Лига како и еден Кралски Куп, но навивачите и управата не му ги простија елиминациите од Рома и од Ливерпул во Лигата на шампионите иако имаа по три гола предност во првите наптревари. Против Рома ја загубија предноста од 4:1 и во Рим загубија со 3:0, додека со Ливепрул имаа 3:0 но во реваншот загубија со 4:0 .
Валверде е без ангажман од заминувањето од Барселона и сега на маса има понуда од Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот