Обвинителот Кристијан Смилевски / фото: Телма / принтскрин

Нов обвинител го презеде „Талир 2“ против Груевски и ВМРО-ДПМНЕ – најавува дека ќе го заврши случајот пред да застари

Нов обвинител од скопското обвинителство го презеде предметот „Талир 2“ каде остана да биде обвинет само поранешниот премиер Никола Груевски и партијата. Обвинителот Кристијан Смилевски дојде на денешното рочиште на местото на обвинителката Ленче Ристоска која даде оставка откако републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ѝ ги зеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Смилевски го проучил предметот и се надева дека ќе го заврши пред да застари, на крајот на август. Сепак и денешното рочиште се одложи откако по трет пат не дојде сведокот на одбраната, поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски. Овој пат, Божиновски бил на фамилијарно патување, за што адвокатот на Груевски достави авионски карти како доказ дека Божиновски не е во земјава.

Божиновски треба да се појави во суд на 30 април кога треба да даде исказ како сведок на одбраната.  Доколку поранешниот премиер се врати, тој има право да побара ново судење и случајот ќе почне од почеток.

На Груевски му се суди и во „Талир 1“ и иако едното кривично дело му застаре, предикатот на делото за „перење пари“, според толкувањата на Ристоска застарува во 2035 година. Во овие предмети замрзнато е седиштето на владејачката партија и другите партиски седишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот