Нов напаѓач во редовите на Академија Пандев (ФОТО)

Фото: Академија Пандев

Марко Рајковиќ е најновото засилување за Академија Пандев, напаѓачот кој лани настапуваше за екипата на Силекс, денеска потпиша професионален договор и ќе ги брани боите на струмичкиот прволигаш.

Клубот му посакува успешна сезона и многу постигнати голови. Како што најавуваат од Академија Пандев, во наредните денови се очекуваат уште неколку засилувања за новата сезона.

Потсетување дека во тимот се врати Диме Димов, голманот Душан Чубраковиќ го продолжи договорот на уште една година, се вратија позајмените Кристијан Велиновски и Емир Скендери, а како прво засилување беше промовиран Ѓорѓи Танушев.

„Пандевци“ во дебитантскиот меѓународен настап не се прославија, односно со два порази беа елиминирани од босанскиот претставник Зрињски Мостар.

Претходно во контролните средби загубија од Монтана (2:3), Теута Драч (1:4) и Славија Софија (2:3), нерешено со романскиот Клинчени (1:1), триумфираа над Берое (2:0) и Локомотив Пловдив (1:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот