Нов голем удар за Жозе Мурињо и Тотенхем

фото: твитер

После само 31 секунда игра на дуелот против Астон Вила, повреда заработи Јужнокореецот Сон кој ќе мора да оди на операција.

Капитенот Хари Кејн практично ја заврши сезоната, а уште еден од носителите на играта ќе биде надвор од терените во наредниот период.

Хјунг-Мин Сон (27) реализираше два голови за Спарси и придонесе во победата над Астон Вила во неделата.

Но, на истиот дуел интернационалецот од Јужна Кореја заработи повреда на раката уште во 31 секунда, иако го издржа целиот меч, но ќе мора да оди на операција.

Британските медиуми пишуваат дека овој крилен напаѓач ќе отсуствува во наредните неколку недели и тоа ќе биде нов голем удар за екипата на Жозе Мурињо.

После 26 одиграни натпревари моментно Тотенхем е на петтото место со 40 бодови, дури 36 помалку зад водечкиот Ливерпул.

Исто така погледите се насочени и кон осминафиналниот двомеч против Лајпциг во Лигата на шампионите, првиот дуел е в среда (19 февруари) во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот