Нос или грло: Кој е најдобар начин за користење на домашен тест за ковид?

Фото: Профимедиа

Сите одобрени домашни ковид тестови даваат валидни резултати само ако се користат со земање брис од носот. Но, бидејќи сојот омикрон предизвикува болки во грлото, една мала студија покажала дека можеби би требало да се земе примерок од грлото. Оваа информација покренува бројни прашања. Така, во Англија постојат тестови кои нудат и упатства за оние кои сакаат да соберат примерок од грло.

Колку се точни резултатите ако земеме примерок од грлото?

Во Америка владее мислење дека домашните тестови се точни и дека ќе покажат ако во носот имаме вирус.
Портпаролот на компанијата „Абот“ (Abbott), која ги произведува домашните тестови BionxNOW, вели дека користењето на тестот во носот во 95,6 отсто открива присуство на вирусот седум дена по појавата на симптомите, кога инфекцијата е најсилна. Некои производители не сакале да коментираат ништо за користењето на тестот со земање брис од грлото.

Некои неодамнешни докази одат во прилог на новиот метод, а научниците од Универзитетот во Калифорнија навеле дека резултатите од студијата која ги споредувала резултатите од примерок од домашен и ПЦР-тест кој мора да го прават професионалци, се подеднакво точни. Оттука, резултатите од студијата даваат до знаење дека двата теста ги даваат вистинските резултати кога е во прашање сојот омикрон.
Бидејќи при испитувањата, резултатите од домашните тестови и ПЦР-тестовите се совпаѓале, ова може да значи дека носот е подеднакво добро место за земање примерок. Истата група научници планира наскоро да ги провери овие тврдења.

Зошто многумина сакаат да се тестираат со брис од грлото?

SARS-CoV-2 е респираторен вирус кој влегува преку носот или устата, а тој може да патува низ воздухот и да се пренесе на друго лице од тврда површина. Додека претходните соеви на вирусот се фокусираа на белите дробови, омикрон ги „сака“ носот и грлото. Некои студии покажаа дека вирусот најпрво се населува во грлото, а потоа се сели кон носот, што значи дека земањето на примерок од грлото може да даде точни резултати кај заразено лице.

„Ова е првпат да го видиме ова кај ковид, така што има некоја смисла дека нивото на вирусот е повисоко во грлото“, вели д-р Дијана Хавилр.

Но, ФДА не ги одобри домашните тестови со стапче за собирање примерок од грлото поради потенцијална опасност.

„Кога се во прашање домашните тестови, тие се користат за носот, а не за грлото“, истакнуваат од ФДА. Предупредувањето постои поради некои луѓе кои користеле домашни тестови на грлото откако прочитале дека некои го прават тоа и дека таков примерок може да даде поточни резултати и од ПЦР-тестот.
Студијата на д-р Хавлир ги вклучила и оние кои користат тестови земајќи брис од образите, а таа наведува дека таквата употреба на брзи и ПЦР тестови дала голем број лажни резултати.

Тоа не значи дека тестот за плунка не дава точни резултати и дека не е корисен – тој ќе послужи за да се земе примерок, но треба да се провери од стручњак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот