„Њујорк тајмс“ со шокантни детали: Овој човек го малтретирал Брус Вилис и покрај болеста на актерот

Фото: Инстаграм

Холивудскиот актер Брус Вилис бил малтретиран од продуцентот Рандал Емет, кој на снимањата го експлоатирал знаејќи од што боледува славниот актер.

брус вилис
Брус Вилис / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Вилис бил принуден да глуми иако поради болеста воопшто не можел да се сети на репликите или воопшто да глуми, пишува „Њујорк тајмс“.

Емет во текстот на „ЛА тајмс“ е обвинет и за насилство врз жените, консумирање наркотици и нудење улоги на актерките во замена за интимни односи. И како што рекле извори, тој бил среќен што Вилис продолжува да глуми во филмови што ги продуцира со јасна причина – милионска заработувачка.

Еден од инцидентите предизвикани од неговата бескрупулозност вака се одвивал: во септември 2020 година, тој принудил актерот да скрши врата на снимањето – а Вилис не успеал да го направи тоа ниту со помош на каскадерите, раскажале членовите на екипата. Продуцентот целиот исфрустриран го напуштил сетот, а збунетиот Вилис праша: „Дали направив нешто погрешно?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@brucewillisbw)


„Сите видоа како Вилис како се мачи“, рекла Алиша Хаверленд, менаџерката на филмот.

А, вечерта кога се случил инцидентот, Емет наводно во солзи ѝ се јавил на неговата тогашна свршеница Кента. „Не можам повеќе да го правам ова“, ѝ рекол тој, додавајќи: „Тоа е толку тажно. Брус не може да се сети на ниту една реплика. Тој не знае каде е“.

Меѓутоа, тој не престанал да работи со ѕвездата од „Умри машки“. По споменатиот телефонски повик, тој снимил уште пет акциони филмови со Вилис.

„А, кога ќе му требаше „инфузија“ пари за да си ги исплати долговите, преговараше за снимање на „уште еден филм со Брус Вилис““, вели поранешната асистентка Ана Сзиманска.

Фото: Профимедиа

Емет ги демантирал бројните обвиненија во приказната на „ЛА тајмс“. Тој рекол немало разговор со солзи со Кента и дека не бил свесен дека здравјето на Брус Вилис се влошило. Во изјава за „Њујорк пост“, неговата портпаролка Сали Хофмајстер рекла: „Рендал е многу горд на работата што тој и Брус Вилис ја направија во изминатите 15 години. Во секој филм на кој работеа заедно, Брус уживаше на снимањето,  играше голф, одеше на вечери и да разговара со екипата. Ако Брус не сакаше да биде на снимање, немаше да биде таму. Вилис е еден од најголемите актери на своето време и беше баран во повеќе продукциски куќи сѐ до неговото неодамнешно пензионирање. Рендал го вбројува меѓу своите најблиски пријатели“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Randall Emmett (@randallemmettfilms)

Адвокатот на Брус Вилис откри зошто актерот продолжил да работи и по дијагнозата за афазија

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

 

Видео на денот