Адвокатот на Брус Вилис откри зошто актерот продолжил да работи и по дијагнозата за афазија

брус вилис
Брус Вилис / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Адвокатот на актерот Брус Вилис, Мартин Сингер, ги откри причините поради кои актерот продолжил да работи и откако му била дијагностицирана афазија.

Како одговор на обвинувањата дека продуцентот Рандал Емет, со кого Вилис работел на повеќе од 25 филмови, го терал актерот да работи и покрај неговите здравствени проблеми, Сингер рече дека тогашната состојба на Вилис го дозволувала тоа, пренесува британски „The Mirror“.

„Мојот клиент продолжи да работи по неговата дијагноза бидејќи сакаше да работи и беше способен да работи, исто како и многу други на кои им била дијагностицирана афазија и кои се способни да продолжат да работат“, рече тој.

брус вилис
Брус Вилис /Фото: EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Откако дознал за неговата дијагноза, Вилис глумеше во филмот „Midnight in the Switchgrass“ заедно со Меган Фокс, каде што глумеше агент на ФБИ кој се трка да го спаси својот партнер од сериски убиец, со кој им се вкрстуваат патиштата додека истражуваат синџир за трговија со луѓе во Флорида.

Да потсетиме, актерот боледува од афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности, а со болеста се бори веќе две години, а последните филмови ги снимил со помош на двојник.

„Како семејство сакавме да им дадеме до знаење на обожавателите на Брус дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус се повлекува од кариерата која толку многу му значеше“, објави семејството Вилис пред шест недели.

Фото: Профимедиа

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, порачаа тие. Истата објава се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот