НИВНАТА ТАЈНА: Пијат и пушат, а живеат повеќе од 100 години

Одалеченото со Акиароли во јужна Италија е познато по големиот број на постара популација и покрај нивното пушење и дебелина, нивната долговечност е загатка која ги збунува научниците – која е нивната тајна?

Поминало повеќе од 4.000 години кога Гилгамеш заминал во потрага за тајната на бесмртност. Уште од тогаш човечката фасцинација за вечен живот или барем за што подолг може, не се смалила.

Научната заедница троши големи пари и анализира фактори кои носат до подолг живот, а биле привлечени од една мала италијанска заедница.

Акиароли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 километри јужно од Неапол.

– Бев на плажа во Акиароли и видев луѓе со 90 години, како се сончаат на плажа и пушат, додека нивните стомаци изгледаат како да се во деветти месец на бременост – рекол американскиот кардиолог Алан Маисел за Њујорк Пост.

Живеат спротивно на правилата

Ова се противело на се во што верувал, но и воочил во другите години – за подолг живот пази на линијата, избегнувај пороци и сонце. Луѓето од Акиароли, од друга страна, живеат во контраст со овие правила, но стареат имресивно. Во селото живеат околу 2.000 жители од секоја доба, а меѓу нив има 300, кои живеат подолго од 100 години, па дури и 20 отсто кои прославиле 110-ти роденден – па и повеќе.

Покрај тоа, Маисел со своите колеги направил истражувања кои докажуваат дека имаат исклучително мал степен на заболувања од Алцхајмерова болест и други срцеви болести – и покрај цигарите и алкохолот.

Големата студија која ја истражува долговечноста на тие луѓе, сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дека генетските истражувања ќе откријат нешто што би можело да им користи на сите луѓе да живеат подолго. За време на своето истражување, Маисел открил некои интересни траги кои секако имаат значаен удел во нивната долговечност.

Рузмарин и сардини

Овие две намирници често ги конзумираат жителите на селото и може да се рече дека се главни во нивната исхрана. Рузмаринот научно е потврдено дека го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, преку подобрување на функцијата на мозокот и меморијата.

Сардините, од друга страна, се лек за сите видови воспаленија во клетките на телото. Исто така, маслиновото масло се јаде со сè, а чаша вино се пие со секој оброк.

Свеж воздух и помалку стрес

Старите лица не одат на часови по јога, но поголемиот дел од времето го поминуваат на отворено – движејќи се и се дружат. Животот е крајно опуштен таму, а стресот што модерната медицина го нарекува токсичен е скоро непостоечки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот