Ниту Ѓоковиќ не му може ништо, десетти триумф на Надал во Рим

epa09205013 Rafael Nadal of Spain reacts during his men's singles final against Novak Djokovic of Serbia at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 16 May 2021. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Рафаел Надал триумфира на Мастерсот во Рим откако во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ во три сета со 7:5,1:6,6:3.

Надал со победата над големиот ривал дојде до десеттата титула на Мастерсот во Рим, а мечот траеше речиси три часа.
Во 57. меѓусебна пресметка, Ѓоковиќ прв дојде до брејк во првиот сет, но Надал веднаш прави рибрејк и потоа во финишот да ги искористи грешките на српскиот тенисер за втор брејк кој воедно му донесе и водство од 1:0 во сетови.

Одговорот на Ѓоковиќ беше брутален, направи два брејка во вториот сет кој го освои со убедливи 6:1.
Во третиот сет, повторно Ѓоковиќ имаше можност прв да дојде до брејк, но не ги искористи двете шанси и се чини дека тоа на Надал му даде дополнителен  поттик и му ја зголеми желбата за победа.  Шпанецот освои неколку одлични поени и потоа во шестиот гем со нула направи брејк кој го потврди со одличен сервис и дојде до победата која значеше триумф во Рим.
Ова беше 89. титула за Надал во кариерата, додека Ѓоковиќ остана на 83, но има предност во меѓусебните дуели, води со 29:28 во победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот