Ништо од свадбата! Сиена Милер ја раскина и третата свршувачка!

Фото: Профимедиа

Актерката Сиена Милер ја раскина и свршувачката со девет години помладото момче Лукас Звирнер, само девет месеци откако тој ја запроси.

Како што велат извори блиски до парот за странските медиуми, актерката е таа што ставила крај на нивната врска. Лукас ја запроси Сиена по една година, а засега не е познато која е вистинската причина за раскинувањето.

Фото: Профимедиа

Сиена досега раскина три веридби. Првпат тоа се случи со актерот Џад Лоу, со кого беше свршена неколку години и со кој неколку пати се караше и се смируваше, сето тоа поради неговите бројни измами кои таа му ги прости.

Фото: Профимедиа

Вториот пат таа ја раскина свршувачката со Том Стариџ, со кој ја има ќерката Марлоу и со кој раскина во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот