Ништо од откажување: Ќе има борба меѓу Хабиб и Фергусон!

фото: твитер

Дана Вајт, првиот човек на УФЦ, со сигурност тврди дека ќе се одржи оваа борба во рамките од „УФЦ 249“, не се знае само каде ќе биде местото на настанот.

Борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон ќе се одржи на 18 април, како што е и планирано.

Тоа го потврди Дана Вајт, „алфа и омега“ на најсилната светска ММА организација.

Хабиб и Фергусон ќе се борат за титулата во лесна категорија во УФЦ, но извесно е дека тоа нема да се случи во Бруклин.

– Знам каде ќе се одржи борбата, но сеуште не сум подготвен да ви кажам – рече Вајт во разговор со Кевин Аоли на „Инстаграм“.

Вајт истакна дека УФЦ 249 скоро сигурно ќе се одржи и дека ќе биде организиран пред празни трибини.

Освен борбата помеѓу Хабиб и Фергусон, на УФЦ 249 се најавени уште 12 борби: Во главниот дел од програмата се очекува силите да ги одмерат Џесика Андраде-Роуз Намајунас, Магомед Анкалаев-Јон Кутелаба, Ислам Махачев-Александер Хернандез и Џереми Стивенс-Калвин Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот