Сенегал - Мароко/ EPA/JALAL MORCHIDI

Ништо не е готово: Хаосот меѓу Сенегал и Мароко ќе се решава на европска сцена

Скандал што го тресе африканскиот, но и светскиот фудбал, добива ново продолжение и тоа на европска сцена.

Откако Африканска фудбалска конфедерација му ја одзеде титулата на Сенегал и ја додели на Мароко, следуваа бурни реакции од сенегалската јавност и фудбалерите. Сега се најавуваат и конкретни правни чекори.

Според информациите на инсајдерот Фабрис Хокинс, Фудбалскиот сојуз на Сенегал сериозно размислува да ја оспори одлуката пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Со ваквиот потег, Сенегалците сакаат да ја поништат одлуката на Африканската фудбалска конфедерација, со која беа строго казнети откако нивните фудбалери демонстративно го напуштија теренот за време на финалето на Африканскиот куп на нации, па потоа се вратија и славеа преку продолженијата.

Судот за спортска арбитража се очекува да го разгледа целиот дисциплински процес, од текот на натпреварот, преку околностите на инцидентот, па сè до примената на натпреварувачките правила, по што ќе донесе конечна одлука. Овој суд важи за највисока и последна инстанца кога станува збор за спорови во меѓународниот фудбал.

Од сенегалската страна тврдат дека натпреварот не бил ниту прекинат, ниту официјално завршен во моментот кога играчите го напуштиле теренот, па оттаму не може да се смета дека го предале мечот. Како аргумент го наведуваат и тоа што фудбалерите подоцна се вратиле на теренот и ја продолжиле играта.

На Сенегал му ја одзедоа титулата – Мароко е шампион на Африка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот