Николовски како Мицкоски: Преспанскиот договор е штетен, освојување на 2/3 мнозинство би значело промена на Уставот

Александар Николовски на гостувањето во „Утрински бифинг“ на „Слободна ТВ“ го повтори ставот на лидерот на партијата околу Преспанскот договор.

-Она што ние го имаме како став е дека договорот е штетен по однос на македонските национални интерес. Сметаме дека е една голема грешка промената на Уставот на Република Македонија и во таа насока освојување на 2/3 мнозинство би значело промена на Уставот, рече потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој ја повтори силната определба на партијата.

-Во таа насока, доколку успееме да стигнеме до таа бројка промената на Уставот останува силна определба на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николовски.

Николовски за Бишевац: Човек кој што во минатото го критикувал претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е со нас говори за реформата во партијата

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот