Николов ќе го напушти романскиот вицешампион ФЦСБ

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов (28) летово ќе го напушти романскиот вицешампион ФЦСБ, пренесуваат тамошните медиуми.

Сезонава во романскиот шампионат нашиот 28-годишен играч од средниот запиша 11 настапи, или севкупно 301 минута на терените во 13 настапи за „црвено-сините“.

Важечкиот договор му истекува на 30 јуни, но фудбалерот се договори со сопственикот на клубот, Џиџи Бекали, за прекин на соработката.

Како што и самиот Николов изјави, имаше понуди од Кина, но неговата желба е да остане во Европа.

Во својата клупска кариера беше дел и од Шериф, Лече, Фехервар, Вардар и Вииторул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот