Никола Саркози додека е во затвор доби внук, кој го носи неговото име
Најмладиор син на поранешниор француски претседател Никола Саркози, Луј, стана татко за прв пат. Тој го објави среќниот настан преку објава на социјалните мрежи, пренесува Ла депеш.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Постојат три начини да се достигне бесмртност, рекол големиот кубански револуционер Хозе Марти: да се засади дрво, да се напише книга и да се одгледа син“, напиша тој во својата објава.
„Вчера, јас и сопругата се приближивме малку до вечноста: станавме родители“, додаде тој.
View this post on Instagram
Со овие зборови, тој објави дека тој и неговата сопруга Натали Хусиќ Саркози добиле момче, кое го крстиле Никола.
„Со задоволство ви го претставуваме нашиот син – Сила Никола Саркози. Нека расте, како неговиот имењак, со сила и мудрост.“
Од вторникот, поранешниот француски претседател е во затворот Ла Санте во Париз, каде што отслужува петгодишна затворска казна за нелегално финансирање на неговата изборна кампања во 2007 година од режимот на Гадафи.
Објавата на двојката собра мноштво желби и коментари, а нивните онлајн пријатели побрзаа да ја искажат својата радост и честитки за раѓањето на малиот Саркози.
Макрон го примил Саркози во претседателската палата кратко пред да биде испратен во затвор


